Новости
петок, 01 октомври 2021 11:20
Денеска се одржа петтиот по ред состанок на Мониторинг комитетот за областите владеење на правото и темелни права, со којшто заедно со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија ко-претседаваше државната секретарка Калинка Габер, а учествуваа и претставници на ресорните министерства.
На состанокот беше разгледана состојбата во исполнувањето на програмите и приоритетите во контекст на ефикасно искористување на финансиската поддршка од Европската Унија. Државната секретарка ја нагласи важноста на реформскиот процес во овие области како дел од кластерот „Темели“ кои се најдиректно поврзани со европските вредности поради што се во основата на политиката на условеност и од финансиски аспект.
ДСек Габер: „Европеизацијата и формално почнува и завршува со владеењето на правото и темелните права, тоа се области во кои се содржани најголемите предизвици и поддршката од ЕУ треба да биде соодветно искористена за обезбедување на европските стандарди за нашите граѓани.“
На состанокот беа усвоени заклучоци и преземени обврски со цел натамошно спроведување на проекти поддржани со ЕУ фондови и техничката помош за напредок во областа.